• петок, 22 ноември 2024

Кишида: Г7 во Хирошима ќе разговара и за ChatGPT, неопходни се меѓународни правила

Кишида: Г7 во Хирошима ќе разговара и за ChatGPT, неопходни се меѓународни правила

Токио, 19 април 2023 (МИА) – Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска најави дека лидерите на земјите од Г7 на состанокот во мај во Хирошима ќе разговараат и за системот за вештачка интелигенција ChatGPT.

За време на состанок со уредниците на јапонските регионални весници, Кишида рече дека „неопходно е да се создадат меѓународни правила“ за употреба на системи за вештачка интелигенција (AI).

Членовите на Европскиот парламент оваа недела ги повикаа светските лидери да организираат самит за контрола на развојот на системи за вештачка интелигенција. јт/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан