• сабота, 05 октомври 2024

Китански најави повеќе проекти во село Чифлик

Китански најави повеќе проекти во село Чифлик
Пехчево, 5 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Пехчево од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Создади нова иднина", Александар Китански на денешната средба со жителите на село Чифлик, најави реализација на повеќе проекти, кои ќе бидат приоритет во неговата програма во наредните 4 години. - Почитувани сограѓани од село Чифлик, ви ветуваме дека ако ја добиеме вашата доверба на престојните избори ќе оствариме повеќе проекти од кои ќе набројам некои од нов. Реконструкција на водоводот, репарирање на школското игралиште, набавка на нови каналетки за атмосферска вода и санирање на старите, рече Китански. Тој најави и поголем фокус на локалните патишта и подобрување на условите во училиштата. - Исто така со програмата предвидена е и изградба на локални патишта до црквата во селото. Ќе работиме на санирање на постоечкиот бекатонски пат под школото како, предвидена е и изградба на мост и поставување на урбана опрема за игралиште за деца, додаде кандидатот за градоначалник од коалицијата ,,Создади нова иднина". Со цел ветеното да стане реалност, Китански ги повика граѓаните да го заокружат бројот 7 на гласачкото ливче и да изразат силна поддршка за програмата на коалицијата. вс/свс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан