• петок, 22 ноември 2024

Кисинџер очекува преговорите за Украина да започнат до крајот на годината

Кисинџер очекува преговорите за Украина да започнат до крајот на годината

Вашингтон, 8 мај 2023 (МИА) - Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер оцени дека  кинеската иницијатива за мирно решавање на руско-украинскиот конфликт ќе доведе до почеток на преговарачкиот процес до крајот на 2023 година. Оваа претпоставка тој ја направи во интервју за Си-Би-Ес во пресрет на неговиот 100-ти роденден.

„Сега кога Кина започна преговори, сè ќе си дојде на свое место. Мислам дека до крајот на годината ќе зборуваме за преговори, па дури и за вистински преговори“, рече Кисинџер.

Политичарот одговори и на прашањето дали би заминал за Москва за да преговара со Владимир Путин доколку тоа го побара американскиот претседател. Кисинџер рече дека „би бил подготвен“ да го стори тоа во својство на советник на претседателот.

Кина го предложи мировниот план на 24 февруари 2023 година, на годишнината од влегувањето на руските трупи во Украина. Планот не вклучува повлекување на руските трупи и не го решава прашањето за сопственоста на териториите.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно изјави дека планот на Кина е корисен само за Русија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека предлозите на Пекинг не се конкретен план за акција, туку размислување за ова прашање.
Рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на кинескиот претседател на Москва предложи како основа за преговори да се земе кинескиот план. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан