• понеделник, 23 декември 2024

Кирјос: Јас сум еден од најдобрите играчи во светот, за прв пат дојдов на Грен слем со чувство дека можам да го подигнам трофејот

Кирјос: Јас сум еден од најдобрите играчи во светот, за прв пат дојдов на Грен слем со чувство дека можам да го подигнам трофејот

Мелбурн, 12 јануари 2023 (МИА) – Австралискиот тенисер Ник Кирјос проговори за расположението пред почетокот на Грен слемот Австралија Опен. Тој поради повреда се повлече од сите подготвителни турнири.

- Јас сум еден од најдобрите играчи во светот, па дефинитивно со самодоверба пристапувам на Австралија опен и на кој било турнир. Овој пат е малку поинаку бидејќи јас сум еден од фаворитите. Вообичаено ме гледаат како „проблематичниот“,  но по минатата сезона, секако, ќе бидам еден од фаворитите. Прв пат дојдов на Грен слем со чувство дека дефинитивно можам да го подигнам трофејот. Не знам како ќе биде кога ќе излезам на теренот. Обично немам што да изгубам, само излегувам и приредувам шоу. Затоа сега треба да најдеме рамнотежа. Не е лесно да се потрошат 14 дена за да се освои таков пехар. Нормално дека можам. Но, и многу други се способни, изјави Кирјос.

Грен слемот во Мелбрун ќе с еигра од 16 до 29 јануари. зс/

Остани поврзан