• петок, 22 ноември 2024

Кирјос се повлече од турнирот во Аделаида

Кирјос се повлече од турнирот во Аделаида

Аделаида, 4 јануари 2023 (МИА) – Австралискиот тенисер Ник Кирјос се повлече од турнирот во Аделаида кој ќе се одржи следната недела, пренесува „EntryLists“ на социјалните мрежи.

Во ждрепката ќе го замени Британецот Кајл Едмунд.

Претходно Австралиецот го пропушти Купот на Јунајтед. Беше објавено дека за време на егзибициски турнир во Дубаи, тој доживеал проблеми со скочниот зглоб.

Така 22-от на АТП ранг-листа Кирјиос ќе ја започне сезоната на Австралија опен.

Турнирот во Аделаида ќе се одржи од 9 до 14 јануари. зс/

Остани поврзан