Кирјос иронично му честиташе на Ѓоковиќ за победата на „Ролан Гарос“
- Австралискиот тенисер Ник Кирјиос на свој начин му честиташе на Србинот Новак Ѓоковиќ за победата на „Ролан Гарос“.
Мелбурн, 13 јуни 2023 (МИА) - Австралискиот тенисер Ник Кирјиос на свој начин му честиташе на Србинот Новак Ѓоковиќ за победата на „Ролан Гарос“.
- Честитки, Ноле. Од денот кога ме праша за совет за игра на земјена подлога до денот кога повторно го освои „Ролан Гарос“. Горд на тебе, другар, јас сум во контакт во секое време, напиша Австралиецот.
Во коментарот Србинот одговори: „Исто така, брат. Ако ти треба совет за играње на трева, јас сум на располагање“.
Дваесет и осумгодишниот Кирјос последен пат играше на Грен слемот во Париз во 2017 година. Тој имаше операција на коленото во јануари.
За 36-годишниот Ѓоковиќ ова е трет успех на „Ролан Гарос“: претходно победи во 2016 и 2021 година. Србинот стана 23-кратен победник на Грен слем и е рекордер кај тенисерите. Рафаел Надал има 22 титули. зс/
Фото: ЕПА