• вторник, 14 јануари 2025

Кирјос: Имав прекрасна кариера и не се каам за ништо

Кирјос: Имав прекрасна кариера и не се каам за ништо

Мелбурн, 13 јануари 2025 (МИА) - Финалистот на Вимблдон од 2022 година, Ник Кирјос, навести дека се пензионира по неговиот пораз од Британецот Џејкоб Феарнли со 6:7 (3), 3:6, 6:7 (2) во првото коло на Австралија Опен.

-Реално, не можам да се гледам себеси како повторно играм сингл овде. Беше посебно да се доживее повторно. Не сакав да фрлам пешкир или да се откажам. Страдав физички, но го почитувам противникот. Навивачите чекаа со часови да ме видат како играм, изјави австралискиот тенисер кој се бореше со повреди во деновите пред почетокот на Гренд слем турнирот.

Вели дека е разочаран затоа што вложил многу труд и работа. 

-Моето патување не е завршено, но тоа беше голема авантура. Имав одлична кариера и не жалам за ништо, изјави Кирјос, цитиран од „Еуроспорт“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан