• понеделник, 23 декември 2024

Кирјос за пропуштањето на УС Опен: Мојот зглоб сè уште не е подготвен да се натпреварувам

Кирјос за пропуштањето на УС Опен: Мојот зглоб сè уште не е подготвен да се натпреварувам

Њујорк, 23 август 2023 (МИА) - Австралискиот тенисер Ник Кирјос прокоментира дека поради повреда ќе ги пропушти американските турнири. Во септември тој ќе се спушти на дното на топ 500.

 

- Срце скршено поради УС Опен. Ќе се вратам... Мојот зглоб сè уште не е подготвен за натпреварување. Но, сакам да ве потсетам дека имам заштитен рејтинг, според кој сум 21. Кога ќе одлучам да се вратам, повторно ќе бидам на вистинското место, напиша Кирјос на социјалните мрежи.

 

На минатогодишниот УС Опен, 28-годишниот тенисер стигна до четвртфиналето каде загуби од Русинот Карен Хачанов.

 

Кирјос ги пропушти првите шест месеци од актуелната сезона поради повреда на коленото. Тогаш тенисерот се повлече од Вимблдон 2023 година поради повреда на зглобот. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан