Кирјос го скрши рекетот по поразот од Хачанов во четвртфиналето на УС Опен
- Австралиецот Ник Кирјос, по поразот од Русинот Карен Хачанов во четвртфиналето на УС Опен, го скрши рекетот не можејќи да ги задржи емоциите.
Њујорк, 7 септември 2022 (МИА) - Австралиецот Ник Кирјос, по поразот од Русинот Карен Хачанов во четвртфиналето на УС Опен, го скрши рекетот не можејќи да ги задржи емоциите.
Дваесет и шестгодишниот Русин го совлада Кирјос со резултат 7:5, 4:6, 7:5, 6:7 (3:7) и 6:4.
По натпреварот, Австралиецот го фрли рекетот на земја, поради што тој се свитка. Најказнуваниот тенисер по овој инцидент се соочува со нова санкција.
Во полуфиналето на турнирот Хачанов ќе игра со норвешкиот тенисер Каспер Руд. зс/