Кире Маркоски нов фудбалер на Вардар
- Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги засили своите редови во обидот по двегодишна пауза да се врати во прволигашкото друштво со 27-годишниот напаѓач Кире Маркоски.
![Кире Маркоски нов фудбалер на Вардар](https://new.mia.mk/images/20221113213933_big_730x400_60.webp )
Скопје, 6 септември 2022 (МИА) - Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги засили своите редови во обидот по двегодишна пауза да се врати во прволигашкото друштво со 27-годишниот напаѓач Кире Маркоски.
Вардар соопшти дека со повремениот македонски репрезентативец е потпишан едногодишен договор.
Маркоски има пет настапи за македонската сениорска репрезентација за која дебитираше во 2014 година, а претходно ги мина сите помлади категории во националниот дрес.
Во македонското првенство Маркоски настапуваше за Работнички и Академија Пандев, а неговата интернационална кариера вклучува настапи за кипарски АЕЛ Лимасол и словачки Спартак Трнава. ег/ар/