• понеделник, 23 декември 2024

Киргистан ја менува химната, била премногу советска

Киргистан ја менува химната, била премногу советска

Бишкек, 12 декември 2024 (МИА) – Киргистан денеска соопшти дека ќе ја смени химната бидејќи ја смета за премногу советска, во уште една од низата мерки преземени со цел промена на државните симболи и зајакнување на националниот идентитет на оваа земја во Централна Азија и сојузник на Русија, но и земја каде сè уште живее во духот на минатото на СССР.

Новоформирана собраниска комисија е задолжена за промена на националната химна, јавува агенцијата Кабар.

Сегашната химна, усвоена по падот на СССР во 1991 година, е идентична со советската химна и застарена, бидејќи, како што тврди претседателот Садир Џапаров, само ја слави независноста, додека Киргистан е земја со историја стара 5.000 години.

Џапаров затоа есенва побара „да се напише химна која ќе ги инспирира младите и идните генерации“.

Претседателот на Собранието Нурлан Чакиев рече дека новата химна ќе биде готова до април и ќе биде лесна за пеење за сите на возраст од пет до 95 години.

По падот на СССР, Киргистан не тргна во политика на декомунизација, а спомениците на Владимир Илич Ленин сè уште можат да се видат низ оваа планинска земја, иако тој преименувал некои места и градови. Исто така, во земја каде што рускиот сè уште е официјален јазик, се посилно се промовира киргистанскиот јазик.

Овие мерки се посериозно иницирани по руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Минатата година беше променето и знамето на кое сега има жолто сонце со стилизиран приказ на јурта на црвена заднина.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан