• понеделник, 25 ноември 2024

Кирби: САД работат на „безбеден премин“ за жителите на Газа, но нема напредок

Кирби: САД работат на „безбеден премин“ за жителите на Газа, но нема напредок

Вашингтон, 11 октомври 2023 (МИА) – Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека САД работат на создавање безбеден премин за жителите на Газа кои сакаат да побегнат од израелското бомбардирање, но нема напредок.

- Активно разговараме за ова со нашите израелски и египетски колеги. Ние поддржуваме безбеден премин за цивилите. Цивилите не се виновни за она што го направи Хамас. Тие не направија ништо лошо, рече Кирби на брифинг.

Тој додаде дека бројот на загинати американски државјани во Израел се искачи на 22, а 17 се исчезнати.

Кирби избегна да одговори на прашањето дали американската влада се обиде да ја одврати израелската копнена операција во Газа.

- Ќе оставиме Израелците да зборуваат за нивните воени операции, рече тој. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан