• недела, 22 декември 2024

Кирби: Има напредок во разговорите за прекин на огнот во Газа

Кирби: Има напредок во разговорите за прекин на огнот во Газа

Вашингтон, 27 август 2024 (МИА) - Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, синоќа соопшти дека има напредок во разговорите за прекин на огнот во Газа, и покрај нападот од неделата на либански Хезболах врз Израел.

-Работните групи се состануваат и разговараат меѓу себе, така што секогаш има напредок, а нашиот тим продолжува да вели дека дискусиите се конструктивни, рече портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Нападот со ракети и беспилотни летала врз либанското проиранско движење немаше никакво влијание врз работата „на теренот“, истакна Кирби, мислејќи на преговорите што се водат во Каиро, Египет.

-Очекуваме овие дискусии да продолжат барем во следните неколку дена, додаде Кирби.

Израел во неделата наутро изврши повеќе воздушни напади врз Либан, тврдејќи дека спречил голем напад на Хезболах.

Хезболах потоа соопшти дека „успешно“ лансираше стотици дронови и ракети за да се одмазди за смртта на еден од неговите водачи.

Во четвртокот во Каиро почна нова рунда разговори за прекин на огнот во Газа и за ослободување на заложниците на палестинска територија, во присуство на шефовите на израелските разузнавачки служби, директорот на ЦИА Вилијам Барнс, како и првите луѓе на разузнавачките служби на Египет и Катар. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан