• вторник, 05 ноември 2024

Кирби: Бајден со задоволство ќе соработува со победникот на изборите во Турција

Кирби: Бајден со задоволство ќе соработува со победникот на изборите во Турција

Вашингтон, 16 мај 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден со задоволство ќе работи со кој и да победи на изборите во Турција, изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.

-Му честитаме на турскиот народ што ја изрази својата волја на гласачките места на мирен начин, рече Кирби на онлајн брифингот, пренесен од британските медиуми.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во саботата, ден пред изборите, изјави дека американскиот претседател „наредил Ердоган да биде соборен“ на претседателските избори во Турција.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент претходно најави дека Турција е долгорочен сојузник на САД и дека Вашингтон внимателно ќе ги следи изборите, додавајќи дека „САД нема да заземат страна на изборите“.

Вториот круг од претседателските избори во Турција ќе се одржи во недела, на 28 мај, бидејќи ниту еден од кандидатите во првиот круг не доби повеќе од 50 отсто од гласовите, објави во понеделник претседателот на турската Изборна комисија, Ахмет Јенер.

Како што јави турската телевизија ТРТ, според прелиминарните резултати од првиот круг од изборите, актуелниот шеф на државата освои 49,51 отсто, а неговиот противкандидат, лидерот на Републиканската народна партија, Кемал Киличдароглу,  освои 44,8 отсто од гласовите, додека Синан Оган 5,17 отсто од гласовите. сд/

Остани поврзан