• петок, 28 јуни 2024

Кино на отворено во Берово

Кино на отворено во Берово
Берово, 29 јули 2021 (МИА) - Во организација на здружението на граѓани „Патфајндерс", вечерва во Берово се реализираше кино проекција на отворено. Активноста како што информираа организаторите се реализираше на игралиштето кај комплексот „Стара гимназија". -Посетителите имаа можност да го проследат американскиот анимиран научно-фантастичен филм, во продукција на Волт Дизни. Целта е на помладите жители на Берово да им понудиме мала разонода во текот на жешкото топло лето и на некој начин да ја збогатиме културната понуда во градот, истакнаа организаторите. Во рамки на кино претставата посетителите ги придружуваше градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој додаде дека  културниот живот е многу важен во вкупниот развој на градот, а општината ќе ги поддржи идеите  за вакви организации -Ќе се потрудиме ваквите настани да се зголемат и да бидат повеќе посетени, по завршувањето на пандемијата, рече Пекевски. Додаде дека во тек се подготовките за годинашниот Етно плоштад фестивал кој ќе се одржи со почитување на сите протоколи за заштита пропишани од Министерството за здравство. вс/вј/

Остани поврзан