• понеделник, 23 декември 2024

Кинески хакери украле 60 илјади мејлови од американскиот Стејт департмент

Кинески хакери украле 60 илјади мејлови од американскиот Стејт департмент

Вашингтон, 28 септември 2023 (МИА) - Еден од претставниците на американскиот Сенат изјави за британски медиуми дека кинеските хакери успеале да украдат околу 60 илјади мејлови од американскиот Стејт департмент.

На почетокот на оваа година, кинески хакери веќе извршија слични напади и ја урнаа платформата за е-пошта на Мајкрософт.

Овој пат, хакерите стигнаа до околу 60 илјади електронски пораки и тие беа украдени од десет различни сметки на Стејт департментот. Овој случај дополнително предизвика тензии меѓу Кина и Соединетите Американски Држави, при што официјален Пекинг негираше дека има некаква врска со овие акции.

-Мораме да ја зајакнеме нашата одбрана од вакви и слични сајбер напади. Такво нешто не смее да се случи во иднина, изјави во оваа прилика сенаторот Ерик Шмит. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан