• петок, 19 јули 2024

Кинескиот амбасадор во посета на Општина Струмица

Кинескиот амбасадор во посета на Општина Струмица
Струмица, 18 февруари (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов денеска беше домаќин на амбасадорот на Народна Република Кина во нашата земја, Џанг Ѕуо. Како што соопштија од општината, на средбата градоначалникот Костадинов го запознал амбасадорот Ѕуо со карактеристиките на Струмица, природните и културно- историските вредности и туристичките потенцијали. Во соопштението се додава дека во името на пријателството и позитивните искуства од добрата соработка меѓу двете држави, било разговарано и за соработката и поддршката на локално ниво.рт/вј/

Остани поврзан