• вторник, 05 ноември 2024

Кинескиот амбасадор во Израел починал од природна смрт

Кинескиот амбасадор во Израел починал од природна смрт
Тел Авив, 17 мај 2020 (МИА) - Амбасадорот на Кина во Израел, Ду Веи, кој денеска беше пронајден мртов во стан во предградие на Тел Авив, според првите индиции, починал од природна смрт, изјави неименуван израелски претставник. Тој наведе дека полицијата води истрага како да се работи за природна смрт. Ду (58) во Израел пристигна во февруари откако од 2016 до 2019 година беше амбасадор во Украина. ми/

Остани поврзан