• понеделник, 08 јули 2024

Кинеската Ши Тингмао стана трикратен олимписки шампион во скокови во вода

Кинеската Ши Тингмао стана трикратен олимписки шампион во скокови во вода
Токио, 1 август 2021 (МИА) - Кинеската Ши Тингмао го освои златниот медал во скокови од отскочна даска од три метри на Олимписките игри во Токио. Ова злато стана за Ши е трето во кариерата на Олимписките игри. Таа, исто така, стана шампион во оваа дисциплина на Игрите во Бразил, а во истото натпреварување освои златен медал во синхронизирани скокови од три метри отскочна даска. Второто место на Олимписките игри во Токио го зазеде друга Кинеска, Ванг Хан, додека бронзата е за Американката Криста Палмер. Пласман на првите три: 1. Ши Тингмао (Кина) - 383,50 бода 2. Ванг Хан (Кина) - 348,75. 3. Криста Палмер (САД) - 343,75. зс/

Остани поврзан