• вторник, 24 декември 2024

Кина: Шокирани сме од нападот во кој загинаа хуманитарните работници во Газа

Кина: Шокирани сме од нападот во кој загинаа хуманитарните работници во Газа

Пекинг, 2 април 2024 (МИА) - Кина денеска соопшти дека е шокирана од нападот во Газа во кој загинаа седум хуманитарни работници на „Светска централна кујна“, што невладината организација им го припиша на израелските сили.

Пекинг е „против секоја акција што влијае на цивилите, ја уништува цивилната инфраструктура или го крши меѓународното право“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

„Шокирани сме од нападот во Газа и го осудуваме“, рече тој.

Шест странски хуманитарни работници и нивниот палестински возач се убиени доцна синоќа во израелски напад во Појасот Газа, соопшти невладината организација за која работеле хуманитарните работници.

„Соработници на американската невладина организација 'Светска централна кујна', која доставува храна во Појасот Газа, се убиени во израелски напад“, објави на мрежата X основачот на таа организација, шпанско-американскиот готвач Хозе Андрес.

Во соопштението на невладината организација се наведува дека хуманитарните работници загинале додека работеле на поддршка за доставување храна во Газа.

Според болницата, меѓу загинатите има тројца британски државјани, еден Австралиец, еден Полјак и еден американски и канадски државјанин, со двојно државјанство.

Австралија ја потврди смртта на својот државјанин и го осуди нападот, додека САД изјавија дека се длабоко вознемирени од настаните.

Израелската армија соопшти дека спроведува истрага за „да се разберат околностите на овој трагичен настан“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан