• петок, 05 декември 2025

Кина троши 500 милиони литри флаширано вино годишно, ние произведуваме 50, има можности за соработка, амбасадорката на средба со градоначалникот на Кавадарци 

Кина троши 500 милиони литри флаширано вино годишно, ние произведуваме 50, има можности за соработка, амбасадорката на средба со градоначалникот на Кавадарци 

Кавадарци, 28 ноември 2025 (МИА) - Кина троши 500 милиони литри флаширана вино годишно, ние произведуваме 50, има можности за соработка, кинеската амбасадорка Џианг Сиаојан попладнево се сретна со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

Во изјава за медиумите, градоначалникот рече дека разговарале на повеќе теми, во делот на економијата и туризмот. 

-Тие можат многу да придонесат во делот на нашата економија, а пред се во делот на продажбата на македонско, тиквешко, кавадаречко вино во Кина, како голем консумент на вино. Некаде околу петстотини милиони литри флаширано вино троши Кина, а ние имаме вкупно производство на вино од педесет милиони литри. А имаме врвни вина. Заеднички ќе се заложиме да се доближиме до кинескиот народ, до кинескиот пазар. Да можеме да го пласираме нашето вино, со цел да помогнеме и на винарите и на лозарите. Водејќи сметка и за туризмот, истакна Јанчев.

Амбасадорката на Народна Република Кина, рече дека биле споделени идеи за соработка во областа на економијата, трговијата, туризмот, културата. 

- Ние веруваме дека добриот почеток, е, половина успех, подвлече таа. 

На прашање од МИА, амбасадорката истакна дека веќе имала пробано од белите и црвените македонски вина. Притоа нагласи дека не може да се одлучи  кое е најдобро, дека секое едно е многу добро, за неа.  

- Со градоначалникот разговаравме и околу користењето на платформа за е - трговија, да се презентира што е можно повеќе од висококвалитетните македонски производи кон кинеските консуматори. Вина, мед и друго, одговори таа. свд/вј/

Фото: МИА 

Остани поврзан