• петок, 20 декември 2024

Кина размислува да го затвори американскиот конзулат во Вухан

Кина размислува да го затвори американскиот конзулат во Вухан
Пекинг, 22 јули 2020 (МИА) - Кина размислува да го затвори американскиот конзулат во централниот град Вухан, откако Вашингтон побара од Пекинг да го затвори кинескиот конзулат во Хјустон, пренесуваат странските агенции. Кинеското Министерство за надворешни работи и Американската амбасада во Пекинг не одговорија на оваа информација. Соединетите Американски Држави денеска одеднаш наредија Кина да го затвори својот конзулат во Хјустон, соопшти претходно Министерството за надворешни работи на азиската држава. Одлуката на Вашингтон е опишана како „невидена политичка провокација“ што дополнително ќе ги наруши дипломатските односи. – Кина ги повика САД веднаш да ја повлечат погрешната одлука или Кина дефинитивно ќе преземе соодветен и неопходен одговор, изјави портпаролот на кинеското Министерство. САД и дадоа на Кина 72 часа да го затвори својот конзулат во Хјустон. паг/    

Остани поврзан