• четврток, 19 декември 2024

Кина привремено ги затвора границите за странци поради зголемениот број заразени во светот

Кина привремено ги затвора границите за странци поради зголемениот број заразени во светот
Пекинг, 6 ноември 2020 (МИА) - Кина привремено забрани влез на странци од најмалку осум земји поради зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во светот.
Државјани на Русија, Франција, Италија, Велика Британија, Белгија, Филипини, Индија и Бангладеш не можат повеќе да влезат во Кина, дури и ако имаат важечка виза или дозвола за престој.
Во последниве денови, амбасадите во тие земји објавија онлајн известувања, со кои се најавува привремено прекинување на влезот во Кина.
Кина донесе строги мерки за заштита од нови инфекции од странство.
Здравствените власти пријавија 30 увезени случаи во последните 24 часа, од кои 15 во Шангај. Ова го зголеми вкупниот број на увезени случаи за време на пандемијата на 3.510. паг/
   

Остани поврзан