Кина претстави прототип на супербрз воз, кој достигнува 620 километри на час
- Прототип на супербрз воз, наречен „супер куршум маглев“, кој достигнува максимална брзина од 620 километри на час, е произведен во Ченгду, главниот град на кинеската провинција Сечуан, објави
Пекинг, 18 јануари 2021 (МИА) - Прототип на супербрз воз, наречен „супер куршум маглев“, кој достигнува максимална брзина од 620 километри на час, е произведен во Ченгду, главниот град на кинеската провинција Сечуан, објави кинеската новинска агенција Синхуа.
Тоа е прв воз од ваков вид кој ја користи високотемпературната суперспроводливост на маглев технологијата (магнетна левитација - нема контакт меѓу возот и шините, така што нема сила на триење), а целосно е проектиран и произведен во Кина.
Изработен е од лесни јаглеродни влакна, со предница во форма на куршум и технологија на високотемпературна суперспроводливост, а прототипот на овој воз е креиран да развива максимална брзина од 620 километри на час и веројатно е најбрзото копнено возило во светот, наведува Синхуа.
Професорот Хе Чуан изјави пред новинарите на презентацијата дека возот би можел да стане оперативен во следните три до десет години. гт/