• вторник, 24 декември 2024

Кина почнува трговија со емисиите на јаглерод

Кина почнува трговија со емисиите на јаглерод
Пекинг, 16 јули 2021 (МИА) - Кинескиот национален пазар за трговија со јаглерод, кој ќе биде најголем од таков вид во светот, денеска почнува со работа , објави Кинеската медиумска група. Шангајската платформа за животна средина и размена на енергија ќе биде домаќин на националната трговија со јаглерод. Во почетната фаза, шемата за трговија со јаглерод ќе го опфати само електроенергетскиот сектор, овозможувајќи учество на повеќе од 2.200 големи компании. Како што беше истакнато, Кина користи пазарни алатки за да ја поттикне декарбонизацијата, додека таа земја оди кон својата цел – јаглеродно неутралност до 2060 година. Трговскиот механизам работи на принципот на „ограничи и тргувај “, овозможувајќи со емисиите на јаглерод да се тргуваат како со артикли. Кинеското Министерство за животна средина и животна средина поставува горна граница на вкупната количина на емисии на јаглерод за одредена година, а потоа компаниите добиваат или купуваат квоти за емисии во рамките на таа граница. ми/

Остани поврзан