• понеделник, 23 декември 2024

Кина: Неразумни се обвинувањата од Канада 

Кина: Неразумни се обвинувањата од Канада 
Пекинг, 12 август 2021 (МИА) - Кина денеска ги отфрли обвинувањата од Канада поради ригорозните казни за Канаѓаните, чие случаи, се верува дека се поврзани со апсењето на финансиската директорка на Хуавеј, Менг Ванџу во Ванкувер. Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Кина во Канада ја обвинија Отава дека неосновано го обвинува Пекинг и оти „грубо се меша во кинескиот правосуден суверенитет“. - Таквите обвиненија се крајно неразумни, крајно апсуредни и исклучитечно арогантни, поради што изразуваме најостра осуда, се наведува во заедничкото соопштение на кинеското МНР и Кинеската Амбасада. Во Кина вчера е осуден канадскиот државјанин Мајкл Спејвора на 11 години затвор поради шпионажа. Еден ден претходно, кинески суд ја потврди смртната казна за Канаѓанецот, Роберт Лојд Шеленберг, осуде за трговија со дрога. Пресудите остро ги осуди официјална Отава. ми/  

Тагови

Остани поврзан