• вторник, 19 ноември 2024

Кина најуспешна по вториот натпреварувачки ден на Игрите во Токио

Кина најуспешна по вториот натпреварувачки ден на Игрите во Токио
Токио, 25 јули 2021 (МИА) – Со шест златни медали, Кина е најуспешната земја по два натпреварувачки дена на Олимписките игри во Токио. Покрај златните, Кинезите освоија и еден сребрен и четири бронзени медали. Второто место на листата медалисти е за домаќинот Јапонија со пет златни одличја. Јапонците имаат и еден сребрен медал. На третото место се наоѓаат САД со четири златни. Американците имаат и два сребрени и четири бронзени медали. Република Кореја има две злата. Следуваат 12 држави со по еден златен медал. Вкупно 40 држави имаат освоено барем еден медал. зс/

Остани поврзан