• петок, 05 декември 2025

Кина и Пакистан ќе одржат заедничка антитерористичка вежба „Воин IX“

Кина и Пакистан ќе одржат заедничка антитерористичка вежба „Воин IX“

Пекинг, 30 ноември 2025 (МИА) - Кинеското Министерство за одбрана денеска соопшти дека до средината на декември, трупите на Западната команда на Народноослободителната армија на Кина и пакистанската армија ќе ја спроведат заедничката антитерористичка вежба „Воин IX“ во Пакистан.

Во соопштението се наведува дека вежбата ќе се фокусира на темата „заеднички операции за чистење и напади против тероризмот“, објавува „Глобал тајмс“.

Вежбата има за цел да ги тестира и унапреди заедничките антитерористички капацитети на двете армии и заеднички да го заштити регионалниот мир и стабилност, се вели во соопштението. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан