• вторник, 23 јули 2024

Километарски колони на Плетвар, превртено тешко товарно возило кај Топлица

Километарски колони на Плетвар, превртено тешко товарно возило кај Топлица
Прилеп, 1 март 2021 (МИА) - Километарски колони по 16 часот има на планинскиот превој Плетвар, поради превртено тешко товарно возило кај местото Топлица. -Тешко товарно возило околу 16 часот се преврте на патниот правец Прилеп - Градско кај местото Топлица.  Сообраќајот е прекинат за сите видови возила, лесни патнички и тешки моторни возила - камиони, информира АМСМ. Засега не е позната причината за несреќата, а полицијата прави увид на местото. мт/ки/

Остани поврзан