• петок, 22 ноември 2024

Кикбоксерот Силвио Мировски освои златен медал на Меѓународниот турнир во Србија

Кикбоксерот Силвио Мировски освои златен медал на Меѓународниот турнир во Србија
Скопје, 14 декември 2020 (МИА) – Младиот македонски кикбоксер Силвио Мировски освои златен медал на Меѓународниот турнир „Balkan Best Fighters“ одржан викендот во Јагодина, Србија. Четиринаесетгодишниот член на клубот Гладијатор од Скопје беше најдобар во категоријата КЛ до 52 килограми. На турнирот, покрај македонски, учествуваа и натпреварувачи од Србија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Црна Гора. Најуспешни беа бугарските борци со 21 злато, девет сребрени медали и еден бронзен. Македонските претставници освоија шест злата, пет сребрени и 13 бронзени медали. зс/

Остани поврзан