• недела, 19 мај 2024

Киев официјално ги деманира тврдењата на групата „Вагнер“ дека го зазела центарот на Бахмут

Киев официјално ги деманира тврдењата на групата „Вагнер“ дека го зазела центарот на Бахмут

Киев, 3 април 2023 (МИА) – Шефот на кабинет на украинскиот претседател Андриј Јермак денеска ги оцени за лажни  тврдењата на руската платеничка група „Вагнер“ дека го зазела центарот на Бахмут, девастираниот град во источна Украина во кој со месеци се водат жестоки борби, јави ДПА.

„Смирено реагирајте на лажните информации на оние кои замислуваат победа што не постои во реалноста“, напиша денеска Јермак на својот канал на Телеграм.

Шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, претходно преку видео изјави дека над зградата на градската администрација било кренато руското знаме, што значело дека тој заземен.

Руското Министерство за одбрана, меѓутоа, го потврди кажаното од Пригожин.

Стратешки важниот град во украинската област Доњецк претходно имаше околу 70.000 жители. Денеска градот е разурнат и се проценува дека во него сега живеат едвај околу 3.000 лица.

Двете завојувани страни претрпеа огромни загуби во битките околу Бахмут, забележа ДПА. сд/

Остани поврзан