• петок, 03 мај 2024

Киев информира дека ослободил уште две населби во Херсон, Русите се повлекуваат

Киев информира дека ослободил уште две населби во Херсон, Русите се повлекуваат
Киев, 22 октомври 2022 (МИА) – Генералштабот на вооружените сили на Украина вечерва соопшти дека украинските сили ја потиснале руската војска од две населени места Чаривна и Чкалова. Двете населби се наоѓаат во областа Херсон, каде Украина спроведува контраофанзива со цел да го ослободи Херсон, главниот град на истоимениот регион. Украинската војска соопшти дека руските сили продолжуваат да ги напуштаат окупираните делови на регионот Херсон, додавајќи дека грабежите стануваат се почести. јт/

Остани поврзан