• среда, 20 ноември 2024

Киев: Во руски ракетен напад врз Одеса оштетена пристанишната инфраструктура

Киев: Во руски ракетен напад врз Одеса оштетена пристанишната инфраструктура

Киев, 18 јули 2023 (МИА) – Во најновиот руски ракетен напад врз Одеса во текот на ноќта оштетена е пристанишната инфраструктура, јавија локалните украински власти. 

До нападот врз Одеса дојде само неколку часа по истекот на договорот за извоз на украинско жито.

„Шест ракети од типот „калибар“ беа лансирани од Црното Море врз Одеса“, се наведува во соопштението на украинската оперативна команда за југот на земјата.

Украинската противвоздушна одбрана ги уништила проектилите, но остатоците од проектилите „ја оштетиле пристанишната инфраструктура и неколку приватни куќи“.сд/

фото:МИА арехива

Остани поврзан