• вторник, 24 декември 2024

Кибер криминалот ја чини светската економија еден трилион долари

Кибер криминалот ја чини светската економија еден трилион долари
Њујорк, 7 декември 2020 (МИА) - Кибер криминалот годинава ќе ја чини глобалната економија повеќе од илјада милиони американски долари, што е пораст за повеќе од 50 отсто во однос на 2018 година. Ова се наведува во студијата на Мекафи Корп. со Центарот за стратешки и меѓународни студии. Тие заклучија дека цената на криминалните активности преку Интернет е повеќе од еден отсто од глобалната економија. Истражувачите објавија зголемување на разни видови напади, вклучително и употреба на малициозен софтвер за откуп, фишинг (погрешно споделување лични информации), упад во деловна е-пошта, шпионирање и кражба на криптовалути. Некои од причините за зголемувањето се поврзани со слаба заштита, бидејќи повеќе луѓе работат од далечина. Извештајот се заснова на истражување спроведено на 1.500 технолошки професионалци кои работат за Владата или приватниот сектор во САД, Канада, Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија и Австралија. Авторите исто така пишуваат дека влијанието на компјутерскиот криминал вклучува губење на интелектуална сопственост и парични средства, но исто така блокирање на системите и нарушување на угледот на организациите. Еден загрижувачки факт е, според авторите на студијата, дека само 44 отсто од анкетираните компании планираат да преземат мерки за да спречат пробивање во нивните системи. паг/

Остани поврзан