• недела, 17 ноември 2024

Кејн прв дебитант во историјата на Бундеслигата кој постигнал четири хет-трика

Кејн прв дебитант во историјата на Бундеслигата кој постигнал четири хет-трика

Минхен, 9 март 2024 (МИА) – Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн го постигна својот четврти хет-трик во германската Бундеслига.

Напаѓачот на Баерн погоди три пати на денешниот натпревар од 25. коло против Мајнц (8:1). 

Претходно сезонава Англичанецот постигна хет-трик во натпреварите против Бохум (7:0), Дармштад (8:0) и Борусија Дортмунд (4:0). 

Кејн стана првиот играч во историјата на Бундеслигата со четири хет-трика во неговата дебитантска сезона.

Во сезоната 2023/24, Кејн постигна 30 гола на 25 натпревари во германскиот шампионат. Пред него, во дебитантската сезона во Бундеслигата, само Уве Зелер успеа до вакво достигнување во сезоната 1963/64. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан