• четврток, 04 декември 2025

Кејн најдобар во Бундеслигата во септември

Кејн најдобар во Бундеслигата во септември

 

Минхен, 9 октомври 2025 (МИА) – Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, е прогласен за играч на месецот во Бундеслигата за септември.

Триесетидвегодишниот англиски репрезентативец постигна седум голови додаде една асистенција во три натпревари минатиот месец во Бундеслигата.

Кејн од Тотенхем му се приклучи на Баерн во летото 2023 година, потпишувајќи четиригодишен договор.

Весникот „Билд“ објави дека раководството на Баерн ќе брза да го продолжи договорот на Кејн бидејќи клубовите од Премиер лигата се заинтересирани за негово враќање во англискиот клупски фудбал.

Кејн има клаузула во договорот според која може идната година би можел да го напушти Баерн за сума 65 милиони евра.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан