• понеделник, 04 ноември 2024

Кејн за оставката на Саутгејт: Шефе, ти благодарам за се што направи за мене и за Англија

Кејн за оставката на Саутгејт: Шефе, ти благодарам за се што направи за мене и за Англија

Лондон, 17 јули 2024 (МИА) – Капитенот на Англија, Хари Кејн ја коментираше оставката на селекторот Герет Саутгејт.

-Шефе, ти благодарам за се што направи за мене и за тимот. Ти си еден од најдобрите тренери во Англија, со задоволство ја носам капитенската лента во овој тим, напиша фудбалерот на социјалните мрежи.

Педесет и тригодишниот тренер беше селектор на репрезентацијата на Англија од септември 2016 година. Под негово водство Британците одиграа 102 натпревари, извојуваа 64 победи, 20 пати ремизираа и загубија на 18 средби.

На Евро 2024 Англија го загуби финалето од Шпанија со резултат 1:2. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан