Кер: Ја подигаме формата, можеме да бидеме подобри
- Селекторот на американската кошаркарска репрезентација Стив Кер ја процени состојбата на тимот пред почетокот на Олимпијадата 2024 година во Париз.
Лондон, 23 јули 2024 (МИА) - Селекторот на американската кошаркарска репрезентација Стив Кер ја процени состојбата на тимот пред почетокот на Олимпијадата 2024 година во Париз.
Синоќа селекцијата на САД ја победи Германија со 92:88 во пријателски натпревар одигран во Лондон.
- Можеме да станеме многу посилни. Сега се приближуваме до моментот кога момците подобро се запознаваат, ни е поудобно со ротацијата. Мислам дека можеме уште повеќе да се засилиме и да станеме подобри. Тоа е нашиот план за следните неколку недели, изјави Кер за „ESPN“.
Турнирот во кошарка за мажи на Олимпијадата ќе се одржи од 27 јули до 10 август.
Американците се во група со Србија, Јужен Судан и Порторико. зс/
Фото: ЕПА