Керсмакер: Во Севиља Фон дер Лајен имаше само неформален спонтан разговор со Вучиќ
- Значи, претседателката Фон дер Лајен имаше можност да размени по неколку зборови со многу лидери за време на овој настан, вклучувајќи го и претседателот Вучиќ, така што ова не беше официјална билатерална средба и немаме ништо понатаму или конкретно да информираме, додаде Керсмакер.
Брисел, 1 јули 2025 (МИА) - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен имаше неформален спонтан разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ во салонот пред официјалната вечера на вчерашната Конференција за финансирање на развојот што се одржа во шпанскиот град Севиља, изјави денеска заменикот главен портпарол на ЕК, Стефан де Керсмакер.
Изјавата на Керсмакер претставуваше одговор на новинарско прашање за детали од разговорот меѓу Фон дер Лајен и Вучиќ во Севиља, по тврдењето на српскиот претседател дека имале „навистина долг разговор, како никогаш досега, за билатералната соработка“.
- Ви благодарам многу за прашањето што ми овозможува да ја разјаснам оваа ситуација. Значи, претседателката Фон дер Лајен имаше можност да размени по неколку зборови со многу лидери за време на овој настан, вклучувајќи го и претседателот Вучиќ, така што ова не беше официјална билатерална средба и немаме ништо понатаму или конкретно да информираме, додаде Керсмакер. сп/
Фото: МИА Архива