• петок, 05 јули 2024

Кепа оди на позајмица во Реал

Кепа оди на позајмица во Реал

Мадрид, 14 август 2023 (МИА) - Реал на својата официјална веб-страница објави дека голманот на Челзи, Кепа Аризабалага доаѓа во Мадрид како позајмен играч. Голманот потпиша едногодишен договор со „кралскиот клуб“.

 

Беше објавено дека Реал Мадрид го смета играчот како замена за Белгиецот Тибо Куртоа, кој се здоби со повреда на вкрстените лигаменти на коленото.

 

Во сезоната 2022/23, Кепа настапи на 39 натпревари за Челзи, прими 45 гола и ја задржа 12 пати мрежата „чиста“.

 

Трансферот на 28-годишниот фудбалер е 18 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан