• петок, 22 ноември 2024

Кенија: Стотици следбеници на секта биле наведени на самоубиство

Кенија: Стотици следбеници на секта биле наведени на самоубиство

Најроби, 26 март 2024 (МИА) - Неколку ожалостени семејства денеска ја напуштија болничката мртовечница во југоисточна Кенија, откако ги идентификуваа посмртните останки на своите најблиски кои ги загубија животите откако беа изгладнети од водач на секта, соопштија денеска кениските власти.

Во периодот од април 2023 година, во шумата Шакахола на југоистокот на Кенија ексхумирани се телата на повеќе од 400 следбеници на Меѓународната црква на добрата вест, што, според медиумите, ова е една од најголемите светски трагедии поврзани со верски секти.

Водачот на сектата Пол Мекензи се предаде на полицијата минатиот април и, заедно со уште 29 други, се соочи со обвиненија за (масовно) убиство, но сите обвинети се изјаснија за невини.

Мекензи беше обвинет дека им кажал на своите следбеници дека доаѓа крајот на светот и ги поттикнал да извршат самоубиство „да бидат први во редот за искачување на небото“.

Досега успешно се идентификувани само 35 тела, а стотици семејства чекаат идентификација за да ги добијат посмртните останки на своите најблиски и да ги погребаат. ссм/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан