• недела, 22 декември 2024

Кениската полиција употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во главниот град

Кениската полиција употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во главниот град

Најроби, 8 август 2024 (МИА) - Кениската полиција употреби солзавец за да растера одделни групи антивладини демонстранти во центарот на главниот град Најроби, објавија британските медиуми.

Маршот „Нане Нане“, кој во превод значи „осум осум“ и е референца на денешниот датум, доаѓа по неколкунеделни слични протести за реформи, како резултат на што Руто го откажа планираното зголемување на даноците и го реконструираше својот кабинет.

Националните протести предводени од младите започнаа мирно во јуни, пред да станат насилни и да однесат повеќе од 50 животи. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан