• понеделник, 23 декември 2024

Кембриџ: Во Англија може да има до 690 починати дневно

Кембриџ: Во Англија може да има до 690 починати дневно
Кембриџ, 17 октомври 2020 (МИА) – Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Англија би можел да скокне на 690 на ден за само две недели, ако продолжи трендот на зголемување на бројот на пациенти на неделно ниво. Националниот завод за статистика во Англија објави дека секоја недела се заразуваат 50 проценти повеќе луѓе отколку во претходниот период, објави „Дејли меил“. Медицинскиот отсек на Универзитетот во Кембриџ направи лоши прогнози и објави проекции за тоа колку брзо се шири Ковид-19, се додава во текстот. Нивната проценка е дека околу 47.000 луѓе се заразуваат дневно во Англија, а бројките се удвојуваат на седум дена. Бројката вклучува и асимптоматски случаи и заклучокот е дека стотици луѓе ќе умираат секој ден. - Предвидуваме дека бројот на смртни случаи секој ден ќе биде помеѓу 240 и 690, веќе на 26 октомври, се вели во извештајот на тимот од Кембриџ. Бројот на заразени може да варира помеѓу 28.900 и 74.900, а најреална проценка е околу 47.000 на ден. јт/

Остани поврзан