• петок, 28 јуни 2024

Квотербекот на Канзас, Махомс МВП на Супербоул

Квотербекот на Канзас, Махомс МВП на Супербоул
Мајами, 3 февруари 2020 (МИА) – Квтербекот на Канзас сити, Патрик Махомс е прогласен за најкорисен играч на Супербоул. Тој ноќеска во финалето против Сан Франциско го предводеше својот тим до победата со 31:20. Махомс натпреварот го заврши со 26 точни додавања од 42 за 286 јарди, а исто така фрли две додавања за тачдаун и имаше еден истрчан тачдаун. Дваесет и четиригодишниот Махомс стана вториот најмлад квотербек кој го освои Супербоулот. Помлад од него шест месеци беше Бен Ротлисбергер во 2006 година кога Питсбург го освои трофејот. зс/

Остани поврзан