• сабота, 23 ноември 2024

Квартенг: Британија не се плаши од недостиг на плин, загрижена е поради растот на цените

Квартенг: Британија не се плаши од недостиг на плин, загрижена е поради растот на цените

Лондон, 21 септември 2021 (МИА) - Велика Британија не стравува дека оваа зима ќе се соочи со недостиг на гас, и покрај наглиот пораст на цените на енергијата, но е загрижена за зголемувањето на цените на гасот и другите енергенси, изјави министерот за бизнис, енергија и индустриска стратегија Кваси Квартенг.
„Иако Обединетото Кралство, како и многу други европски земји, е погодено од глобалното зголемување на цената на гасот, нашата предност е што имаме многу различни извори на снабдување. Имаме повеќе од доволно капацитет да ја задоволиме побарувачката. Не очекуваме итни случаи со снабдување со гас оваа зима. Прашањето за недостиг на енергенси и можноста луѓето да не можат да ги загреат домовите не се ни разгледува, рече Квартенг во Парламентот.
Тој нагласи дека нема да се повтори енергетската криза од 1974 година, а спротивните тврдења ги нарече „длабоко погрешни и сензационалистички“.
Квартенг, сепак, призна дека зголемувањето на цените на гасот и електричната енергија предизвикува загриженост за економијата и Владата, која во сегашната ситуација смета дека нивна главна задача е да ги заштити интересите на потрошувачите.
Минатата среда, цените на бензинот на европските берзи срушија историски рекорд, достигнаа речиси 970 долари за илјада кубни метри, но потоа паднаа. паг/
     

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан