• четврток, 19 декември 2024

Квалификацискиот натпревар за СП 2026 меѓу Иран и Катар може да се одигра на неутрален терен

Квалификацискиот натпревар за СП 2026 меѓу Иран и Катар може да се одигра на неутрален терен

Техеран, 9 октомври 2024 (МИА) - Натпреварот на азискиот квалификациски турнир за Светското фудбалско првенство 2026 година Иран - Катар може да се одигра на неутрален терен, пренесуваат тамошните медиуми.

- За жал, има извештаи од овде дека натпреварот Иран - Катар ќе се одржи на неутрална територија од безбедносни причини. Да го чекаме официјалното соопштение од Азиската фудбалска конфедерација, објави иранскиот новинар Ерфан Хосеини.

Натпреварот меѓу Иран и Катар е закажан за 15 октомври во иранскиот град Машхад. 

Според пишувањата на медиумите, Азиската фудбалска конфедерација се обратила до Иранската фудбалска федерација со барање да се префрли мечот на неутрален терен поради напнатата ситуација на Блискиот Исток и заканата од масовен напад на иранска територија од Израел. Во исто време, Иранската фудбалска федерација не се согласува средбата да се пресели на неутрална територија.

Репрезентацијата на Иран е на второто место во групата А од третата фаза на азискиот квалификациски турнир за СП 2026 година со шест бода од два натпревара. Покрај натпреварот со Катар, овој месец (10 октомври) Иран треба да гостува кај Узбекистан.

Катар е на 5. место во групата А со еден бод од два натпревара. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан