• четврток, 05 септември 2024

Квалификации Лига на шампиони за жени: Љуботен поразен со 10:0 од Валур

Квалификации Лига на шампиони за жени: Љуботен поразен со 10:0 од Валур

Енсхеде, 4 септември 2024 (МИА) - Шампионот на македонската женска фудбалска лига, екипата на ЖФК Љуботен доживеа тежок пораз од Валур од 10:0 во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Натпреварот се играше на неутрален терен во Холандија

Нашиот шампион беше немоќен против Валур кој даде по пет гола во двете полувремиња.

Љуботен не успеа да упати ниту еден директен удар во рамките од голот на противникот.

За шампионкте на Македонија следниот натпревар е на 7 септември против поразениот од дуелот Твенте - Кардиф Сити.  дс
 
Фото: ФК Валур

Остани поврзан