• недела, 17 ноември 2024

Квалитетот на пакуваните минерални води прв пат во земјава ќе се испитува со најсовремена опрема во лабораторијата на ЈП Водовод и канализација

Квалитетот на пакуваните минерални води прв пат во земјава ќе се испитува со најсовремена опрема во лабораторијата на ЈП Водовод и канализација
Скопје, 23 мај 2021 (МИА) - Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје во рамките на ИСО 17025 на почетокот на месецов со последната надзорна посета на Институтот за акредитација направи проширување во методите за тестирање. Со тоа, како што соопшти ЈП Водовод и канализација, се зголеми бројот на акредитирани методи во делот на хемиските лаборатории во рамките на методата јонска хроматографија, анализа на земноалкални и алкални метали, алкалитет и дел од тешките метали со што се овозможува подетално утврдување на квалитетот на испитуваните примероци. [caption id="attachment_1489563" align="alignleft" width="300"] burst[/caption] Од претријатието посочија дека проширувањето на методите во рамки на ИСО 17025, потврдено од ИАРСМ, создаде можности и услови покрај водоводите во земјата, контролата на своите производи да ја вршат и сите производители на пакувани минерални води во акредитираните лаборатории кои се дел од Секторот за санитарна контрола. - Досега, со цел да одговорат на барањата на Агенција за храна и ветеринарство на РСМ, согласно Закон, производителите на пакувани води анализите ги правеа во лаборатории акредитирани во соседните земји (Србија и Грција). Отсега, со проширувањето на методите за тестирање, за прв пат во нашата земја сите водоводи и производители на пакувани и минерални води ќе го испитуваат квалитетот на своите производи во акредитираните лаборатории на ЈП Водоводи и канализација – Скопје. Испитувањата ќе се изведуваат со најсовремена опрема, преку склучување на годишни договори за соработка, посочи Билјана Петровска, раководителка на Секторот за санитарна контрола. Контролата организирана на овој начин, како што се истакнува, придонесува за исполнување на законските норми кои се предвидени во рамките на Законот за безбедност на храна 64/18, како и правилниците за безбедност на водата за пиење бр. 183/18 и на правилникот за пакувани и минерални води бр.184/18. - Со оваа активност покажавме дека сме функционална лабораторија која го одржува ИСО 17025 на високо ниво со тенденција за негово постојано унапредување и можност за анализа на примероци од вода за пиење, површинска вода, сите видови на отпадна вода, како и пакувана минерална вода во областа на хемијата и микробиологијата согласно законските рамки на сите споменати видови. Исто така стоиме на располагање на државните органи и институции да ги ставиме во функција сите потенцијали за поквалитетен надзор и споведување на Законот во областа на водите како и соодветните директиви на советот на ЕУ кои се на сила или ќе се спроведуваат во периодот што доаѓа, додаде Петровска. рп/ац/

Остани поврзан