• недела, 30 јуни 2024

Кај соиграч на Елмас дијагностициран коронавирус

Кај соиграч на Елмас дијагностициран коронавирус
Неапол, 2 октомври 2020 (МИА) - Играчот за врска на Наполи, Пјотр Зиелински се зарази со коронавирус, се наведува во официјалната веб-страница на клубот. Во моментов, 26-годишниот Полјак е во самоизолација, а останатите играчи се подложени на повторени тестови за COVID-19. За Наполи настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Во 3. коло од Серија А, наполитанците ќе играат на гости против Јувентус. Натпреварот ќе се одржи в недела, 4 октомври. зс/

Остани поврзан