• понеделник, 12 јануари 2026

Кај малолетници од Битола пронајдени 48 пакувања со марихуана

Кај малолетници од Битола пронајдени 48 пакувања со марихуана

Скопје, 4 јануари 2026 (МИА) - Во двор на основно училиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола синоќа во 20:40 часот лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 17 години, затоа што при преглед кај нив се пронајдени и одземени 48 пакувања со марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-При преземање на службените дејствија, полициските службеници биле физички нападнати од едниот малолетник, посочуваат од Министерството.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан